Собранието вечерва се распушти, Заев најави дека нема да оди на криминални избори

На десетминутна собраниска седница, во отсуство на опозициските пратеници, претседателот на Парламентот Трајко Велјановски вечерва го распушти собранието. Кратко потоа, на прес конференција, претседателот на СДСМ , Зоран Заев најави дека опозицијата нема да учествува на изборите.

На собраниската седницата не беа констатирани оставките на министрите и замениците министри од СДСМ кои беа предадени утрово. Претседателот Велјановски само им се заблагодари на присутните пратеници за досегашната работа.

„Би сакал да ви се заблагодарам и да ви посакам среќа и успех на личен и професионален план. Овој мандатен период и овој парламентарен состав помина низ тешки премрежија, но реализиравме и конкретни резултати во градење на стабилна сегашност и подобра иднина“, рече Вељаноски.

Опозицискиот претседател Зоран Заев пак на прес конференција во седиштето на СДСМ истакна дека без прочистувањето на избирачкиот список нема регуларни изботи, како и дека на нерегуларни избори опозицијата не може да си дозволи да учествува.

„ Без слободни избори не може да се дојде до посакуваната слобода. Нашите министри нема да бидат во влада која сака да организира криминални избори во Македонија“, рече Заев.

Парламентот, истакна Заев, се распушти без да бидат испочитувани мининум условите од Пржинскиот договор за слободни медиуми, прочистен избирачки список и разграничување на партијата од државата.