Соборен рекордот во пресметување на должината на бројот π

Јапонката Ема Харука Ајва, вработена во „Гугл“ го собори рекордот во пресметката на вредноста на бројот „Пи“. Покрај 22 трилиони цифри, таа ја продолжи низата до 31 трилиони цифри. Тоа го постигнала со помош на системот за „компјутерска обработка во облак“ од „Гугл“.

„Нема крај со Пи, но би сакала да се обидам да дојдам до пресметка со уште повеќе цифри“, вели таа.

Лудолфовиот број или Архимедовата константа познат и како „Пи“ е бројот кој се добива кога обиколката на кругот ќе се подели со неговиот дијаметар. Неговите први три цифри, поточно целиот број и двете децимали, 3,14 станаа препознатлива бројка за бесконечно долгиот број.

Пресметката траела 121 ден, користејќи 170 терабајти податоци и 25 виртуелни машини.

„Пи“ се користи во областа на инженерството, програмирањето, физиката, суперкомпјутерите и вселенските истражувања, бидејќи неговата вредност може да се користи за пресметување на брановите, круговите и цилиндрите.