Со велосипед стигнал од Шкотска до Грција за 48 дена откако му биле откажани летовите

Дваесет годишниот студент по инженерство Клеон Пападимитриу со велосипед за 48 дена од Шкотска стигнал до Грција и поминал околу 3.500 километри, откако му биле откажани три лета поради пандемијата со коронавирусот, објави „Индепендент“.

Сфаќајќи дека надежта да се врати кај своето семејство се намалува ден по ден, тој донел одлука да патува со велосипед. Откако инсталирал апликација за неговите родители да го следат неговото патешествие, Пападимитриу тргнал на пат на 10 мај.

Опремен со шатор, вреќа за спиење, конзервирани сардини и леб, тој патувал помеѓу 56 до 120 километри на ден. Неговиот дом биле шумите и полињата, а повремено негови пријатели и познаници му нуделе кревет за да преспие.

„Како релативно интровертна личност, бев принуден да се откажам од комфорт зоната, во смисла дека ако не направев некои работи, ќе немав место за престој, ќе немав вода“, рекол Пападимитриу.

Пападимитриу конечно стигнал дома на 27 јуни каде го пречекало неговото семејство, пријателите, но и непознаници кои го следеле неговoто патување и посакале да го прослават пристигнувањето.

„Беше многу емотивно. Доаѓам од фамилија каде двајцата родители како млади биле големи авантуристи, гледајќи ме како ги следам нивните чекори, мислам дека е многу емотивно за нив и очигледно ова многу ми значи“, рекол Пападимитриу.