Со солзавец растерани демонстрантите пред Собрание откако фрлаа камења и бакли

Пред Собранието на Македонија и вечерва се одржува протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името кој денеска беше потпишан.

Во живо: Протест против промена на името во Скопје

Posted by Radio Slobodna Evropa na Makedonski on Sunday, 17 June 2018

Протестот кој е организиран преку социјалните мрежи, започна со блокирање на булеварот пред Собранието, се одржуваа говори и се пееја патриотски песни, но продолжи со пробивање на полицискиот кордон, а дел од демонстрантите фрлаа камења и бакли кон полицијата. Единицата за брзо распоредување возврати со солзавец и шок бомби.

Медиуми пренесуваат дека има и повредени за што интервенирала и Брзата помош.

Во моментив ситуацијата е мирна. Демонстрантите се наоѓаат кај Градска болница и Триумфалната капија.

Во живо: Протест против промена на името во Скопје. Турната заштитната ограда пред Собранието

Posted by Radio Slobodna Evropa na Makedonski on Sunday, 17 June 2018

 Денеска од грчката страна на Преспанското езеро, министрите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на договорот за решавање на спорот за името, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН.