Стотици илјади граѓаните се собраа во Истанбул за да го одбележат крајот на 450-километри долг марш „на правдата“ против владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Голем дел од нив се приклучија на маршот уште од почетокот во Анкара на 15 јуни.
Опозицијата и лидерот на протестот Кемал Килидароглу го критикуваше бранот на апсења и притворот кои следеа по неуспешниот пуч.
Претседателот Ердоган ги обвини луѓето што маршираат дека го поддржуваат тероризмот.
Тој рече дека партијата на Килидароглу, која го организираше маршот, дека ја надминал политичката опозиција и дека „делувал со терористички организации и поттикнувајќи ги против државата“.
Маршот беше најголемиот собир досега против претседателот Ердоган по протестите во Гези парк пред четири години.
Килидароглу ја обвини владата дека го искористува обидот за пуч на 15 јули минатата година за да ја зголеми својата авторитарност во парламентот и извршната власт, законите и судската моќ. Тој рече дека маршот одбележал „ново раѓање“.
„Никој не треба да мисли дека овој марш е последен. Ова е прв чекор“, рече тој.
Тој го покрена маршот откако еден од неговите пратеници, Енис Бербероглу, беше уапсен поради протекување на документи кои наводно покажуваат дека владата ги вооружува џихадистите во Сирија.
Бербероглу ги отфрла обвинувањата. Маршот во неделата привлече огромен број луѓе до затворот каде тој е притворен.
Повеќе од 50 000 луѓе беа уапсени, а 140 000 разрешени или суспендирани за време на вонредната состојба во државата.
Затворањето на актвистите за човекови права и водечки новинари предизвика интернационална осуда.
Килидароглу, кој пешачеше речиси 20 километри дневно во изминатите три недели, го осуди обидот за пуч, но вели дека со чистките и воведувањето на вонредната состојба Ердоган направил „втор пуч“.
Тој на собирот рече: „Ние марширавме за правда, ние марширавме за правата на опресираните. Марширавме за пратениците во затвое. Марширавме за уапсените новинари“.
„Марширавме за разрешените универзитетски академци. Марширавме бидејќи судството е под политички монопол“.