Со помош на вештачка интелегенција Јапонија ќе се обиде да го запре падот на наталитетот

Јапонските власти одлучија да го зголемат наталитетот со тоа што од следната година ќе кофинансираат проекти кои со употреба на вештачка интелегенција, ќе им помогнат на луѓето да најдат партнери и да основаат семејство, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Проектите кои властите планираат да ги кофинансираат се однесуваат на изработка на апликации и сервиси за барање партнери. Агенцијата „Франс-прес“ јавува дека од следната година, јапонската влада ќе им додели на локалните самоуправи 19 милиони долари.

Популацијата на Јапонија е генерално повозрасна, a долго време се бара начин да се сврти трендот на една од најниските стапки на наталитет во светот, затоа властите одлучија да прибегнат кон напредната технологија и да ја користат вештачката интелегенција.

Во Јапонија минатата година се родени помалку од 865.000 бебиња, што претставува најмала бројка досега.