Со #onlyiNMacedonia туристички ќе се промовира С. Македонија

Северна Македонија, во иднина, туристичката промоција ќе ја води преку хаштагот #onlyiNMacedonia, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) кои го промовираа нивниот нов проект за изработка на туристичка фото – брошура.

Дополнителни хаштази кој ќе го следат главниот промотивен слоган ќе бидат и: #TraveliNMacedonia, #captureiNMacedonia, #natureiNMacedonia, #CaptureiNMacedonia, #discovernorthmacedonia.

„Фото-албумот е визуелно патување низ прекрасни фотографии кои ја отсликуваат убавината, културата и историјата на нашата земја. Идејата е фото албумот да биде еден од главните промотивни алатки на Северна Македонија на социјалните медиуми, односно под одреден специфичен и карактеристичен хаштаг кој ќе биде активен на Инстаграм. Тематските фотографии ќе прикажуваат различни перспективи на нашата земја, природни убавини, културни и традиционални настани и манифестации, луѓе, историја се она што и дава оргинален и безвремен карактер на Северна Македонија“, изјави директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски.

Од АППТ посочија и дека хаштазите ќе бидат активни на социјалните мрежи од утре и дека секој кој ќе објави фотографија од С. Македонија под некои од новите промотивни хаштази до крајот на годинава ќе има можност неговата фотографија да биде објавена во фото-албумот.

„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година ќе понуди нов пристап на промовирање, ќе се фокусираме на неколку предизвици за да го зголемиме бројот на слободни патувачи. Новите форми на промоција значат и привлекување на нови патувачи, односно АППТ ги прати трендовите и на новите генерации им овозможува поинакво запознавање со убавините на нашата земја“, изјави Јаневски.

Од Агенцијата дополнија и дека целокупната промоција во странски медиуми за оваа година ќе биде под хаштагот #onlyiNMacedonia.