Со мобилна гинеколошка амбуланта, „Хера“ нуди услуги во рурални средини

Од здружението „Хера“ денеска ги повикаа жените кои живеат во рурална средина и имаат ограничени услуги за сексуално и репродуктивно здравје или живеат во место каде воопшто нема пристап до вакви услуги, да се обратат до нив, доколку имаат потреба од ПАП тест, ЕХО преглед, мануелен преглед на карлица, мануелен преглед на гради и консултации и советување со гинеколог.

Оттаму додаваат дека сите гинеколошки услуги се бесплатни и доверливи, како и дека корисниците не мора да имаат лична идентификација или здравствено осигурување за преглед.

„Амбулантата е отворена и доколку сакате да добиете бесплатна орална контрацепција, терапија за сексуално преносливи инфекции, кондоми или аплицирање на спирала. Прегледите ги извршува доктор-гинеколог заедно со акушерка, во согласност со протоколите за нудење услуги во мобилната гинеколошка амбуланта и за прием и нудење услуги во време на пандемија. Сите заштитни материјали ги обезбедуваме ние“, стои во нивната објава на Фејсбук.

Ако живеете во рурална средина и имате ограничени услуги за сексуално и репродуктивно здравје или во место каде што…

Posted by HERA on Friday, April 2, 2021

Истовремено оттаму порачуваат дека тие се достапни на kristina.mihajlovska@hera.org.mk или (02) 329 0395, доколку заинтересираните корисници сакаат да дознаат повеќе за овој сервис, или мобилната амбуланта да дојде до нивното место на живеење.