Со авион од Кабул транспортирани 300 напуштени домашни миленичиња

Пет месеци откако Американците го напуштија Авганистан, речиси 300 животни кои останаа во Кабул конечно се качија на изнајмениот руски транспортен авион Иљушин-76 кој во неделата полета од Кабул, а ќе слета во Ванкувер во вторник, пренесува „Н1“.

Пред да стигне во Ванкувер, авионот ќе слета на два други аеродром, во Турција и Исланд. Сите животни првично требаше да бидат транспортирани во САД, но тоа не се оствари поради тоа што ЦДЦ го стави Авганистан на листата на земји со висок ризик кога станува збор за увозот на кучиња. Така, Канада стана крајна дестинација.

Многу американски и други западни дипломати ги оставија своите миленици во Авганистан кога во август минатата година го напуштија Кабул, бидејќи не можеа да ги земат со себе, а во меѓувреме беа згрижени од организацијата КСАР.

Американската војска, исто така, ги оставила своите 50 кучиња на аеродромот во Кабул, а официјални лица рекоа дека тие биле ослободени од нивните кафези и предадени на КСАР.

Спасувачката мисија на животните кои се вакцинирани и здрави го доби кодното име „Можна мисија“.