Едвард Сноуден, „свиркачот“ кој откри дека американската државна агенција НСА ги шпионира американските граѓани, смета дека тврдењата на ФБИ дека само „Епл“ може да го отклучи „Ајфонот“ на еден од напаѓачите од Сан Бернандино се лаги.
„ФБИ вели дека само Епл има ексклузивна технологија со која може да го отклучи телефонот. Со почит, но тоа е с****“, изјави Сноуден преку видеопренос од Москва за конференцијата Common Cause Blueprint for a Great Democracy.
The global technological consensus is against the FBI. Why? Here’s one example: https://t.co/t2JHOLK8iU #FBIvsApple https://t.co/mH1ZXOOQ1E
— Edward Snowden (@Snowden) March 8, 2016
Во меѓувреме, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, во дискусија на Reddit изјави дека смета дека е потребна дискусија за тоа дали владата смее да има право да собира информации.
Гејтс одби да избере страна во дебатата, иако компанијата ќе поднесе претставка во поддршка на Епл пред судот на САД.
Коосновачот на Епл, Стив Вознијак, исто така зборуваше против ФБИ на шоуто на Конан О’Браен во понеделникот: „Во оваа дебата сум на страната на Епл. ФБИ го избра најлошиот случај што можеше“.
Епл и ФБИ треба да се сретнат пред федералниот суд во Калифорнија овој месец, кога ќе биде донесена одлука дали производителот на смартфони треба да ги намали можностите за заштита на мобилниот телефон на напаѓачот од Сан Бернандино.
Извор: Guardian