Слушнете го „Момома“ – новиот албум на Фолтин

Шест нови песни се дел од новиот албум на групата „Фолтин“ со наслов „Момома“. Тие веќе се достапни за преслушување на нивниот Јутјуб канал.

Според Бранислав Николов, вокал и фронтмен на групата, станува збор за постандардни песни, наспроти досегашните музички импровизации во нивната музика.

Групата најави дека концертната промоција на албумот ќе се случи во Скопје кон средината на мај.