Слободни места за 23 илјади ученици во првиот уписен рок во средните училишта

Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година има за вкупно 23 017 ученици.

Првото пријавување во првиот уписен рок во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година беше на 22 и 23 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места се објавија на 24 јуни 2015 година.

Од Министерството за образование и наука информираат дека од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици, како и бројот на слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок, од јавните средни училишта уписот во гимназиско образование е завршен во:

– СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје;
– СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Град Скопје;
– СУГС „Зеф Љуш Марку“ – Град Скопје;
– СУГС „Георги Димитров“ – Град Скопје;
– СУГС „ Раде Јовчевски Корчагин“ – Град Скопје и
– СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола.

• Уписот во стручно образование е завршен во:
– СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, во здравствена струка;
– СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово во здравствена струка за паралелките на албански наставен јазик;
– СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, во здравствена струка;
– СМУГС „ Д-р. Панче Караѓозов“ – Скопје, во здравствена струка и тоа за образовните профили: медицинска сестра на македонски и албански наставен јазик, забен техничар и фармацевтски лабораториски техничар на албански наставен јазик и физиотерапевтски техничар на македонски наставен јазик;
– СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија во угостителско – туристичка струка за образовниот профил хотелско туристички техничар;
– СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани во сообраќајна струка за образовниот профил техничар за транспорт и шпедиција;
– СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, во економско, правна и трговска струка за образовниот профил продавач;
– СУГС „Лазар Танев“ – Скопје, во угостителско – туристичка струка за образовниот профил угостителски техничар;
– СОУ „Нико Нестор“ – Струга, во економско, правна и трговска струка за образовниот профил економски техничар на македонски наставен јазик;
– СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, во угостителско – туристичка струка за образовниот профил келнер – готвач.

Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок има за вкупно 23 017 ученици од кои:

• 15392 слободни места за настава на македонски наставен јазик,
• 6 728 слободни места за настава на албански наставен јазик,
• 845 слободни места за настава на турски наставен јазик,
• 34 слободни места на српски наставен јазик и
• 18 слободни места за повторувачи.

Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок, според видот на образованието:

– 5 635 слободни места во гимназиско образование, од кои:
– 3 488 за ученици на македонски наставен јазик,
– 1 790 за ученици на албански наставен јазик,
– 321 за ученици на турски наставен јазик,
– 34 за ученици на српски наставен јазик и
-2 повторувачи.

– 17 330 слободни места во стручно образование, од кои:
– 11 867 за ученици на македонски наставен јазик,
– 4 933 за ученици на албански наставен јазик,
-524 за ученици на турски наставен јазик и
-6 за повторувачи.

-52 слободни места во спортска гимназија, од кои:
– 37 за ученици на македонски наставен јазик,
– 5 за ученици на албански наставен јазик.
– 10 за повторувачи.

Во вкупниот број на запишани ученици и слободни места за второто пријавување, не е пресметан бројот на учениците од средните музички училишта и средното училиште за применета уметност бидејќи учениците во тие училишта полагаат дополнителни испити.

Слободни места за запишување на ученици за второто пријавување во првиот уписен рок има во сите општини и Градот Скопје во Македонија. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се реализира на 29 јуни и 30 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2015 година.