Сликарство за слепите луѓе – нова техника во Шпанија

Шпанското студио за печатење „Естудиос Дуреро“ разви посебен процес на печатење за да им овозможи на слепите лица да ги „видат“, односно да ги почувствуваат сликите на старите славни мајстори. Техниката е наречена „диду“ и всушност ги претвора сликите со висока резолуција во скулптури.

На слепите лица, но и оние кои немаат оштетен вид, им беше овозможено да ги допираат сликите на изложба во музејот Прадо во Мадрид. Атмосферата од изложбата и повеќе детали за проектот можете да погледнете на сликите и видеото подолу:

esdu-1

esdu-2

esdu-3

esdu-4

Извор: Окно / DesignBoom