Скулптура на кинескиот бог на војната висока над 50 метри е подигната во Јингзоу

Џиновска статуа од кинескиот бог на војната, висока над 50 метри беше подигната во Јингзоу. Скулптурата на Гуан ју, која тежи 1320 тони е поставена на пиедестал од 10 метри во градскиот парк.

Статуата, која се очекува да привлече туристи, ќе има и скали кои ќе водат до музејот Гуан ју што треба да се отвори наскоро.

Богот е прикажан како држи огромно копје, додека подножјето е направено да изгледа како антички воен брод.

Воинот е направен со 4 000 ленти од бронза залепени на статуата. Тој служел на Источната Хан династија околу 200 година од н.е, и од тогаш е прогласен за бог, кој се уште е почитуван од луѓето во Кина. Неговото дело е особено популарно во јужна Кина.