Скопје танцов театар на интернационална сцена во Холандија

Скопје танцовиот театар, чиј основач и уметнички раководител е Рисима Рисимкин, деновиве се претставува на холандската танцова сцена која се смета за една од најдобрите прогресивни современи танцови сцени.

Скопеј танцовиот театрот, учествува во програмата „Open stage”, на Новиот танцов центар од Хаг каде веќе одигра три претстави и тоа на 21 и 27 ноември во Хаг, а на 28 во Ротердам.

Во програмата се вклучени дела на тројца млади македонски короеграфи, кои ќе настапат заедно со селектиран избор на интернационални гости короеграфи на овој програм. Ќе бидат изведени делата на Матеа Киселичка „Создадени суштества“, на Адријана Данчевска и „Жива на друго место“ и на Валентино Апостоловски ”17°” – (Седумнаесет степени).

Македонските короеграфи ќе настапат на престижни сцени во друштво на извонредни умeтници и ќе имаат можност да ја презентираат македонската современа сцена надвор. Гостувањето е поддржано од Министерството за култура.