Фестивалот за музички документарци „Скопје синема сити“, вечерва 19 јуни, ќе ја има својата завршница.
Во Кинотека на Македонија од 20 часот ќе биде прикажан „Да живее Рок“, „Во сеќавање на Лу Рид“, a oд 21 часот на програмата следува филмот „Дејвид Боуви кај БиБиСи“, со што официјално ќе биде спуштена завесата на ова фестивалско издание.
Во претходните четири фестивалски вечери беа прикажани филмовите кои предизвикаа интерес кај љубителите на музичката уметност, за легендите Крафтверк, Жан Мишел Жар, за џез легендите, Ејми Вајнхаус,Кралиците на џезот, Ела Фитџералд,Моцарт,Френк Запа и други, како и филмот за концертот на Дерек Меј и Џијан Емин, заедно со Франческо Тристано и оркестарот Ламуру.
П традиција, во текот на годината, овој фестивал доживува и репризно издание, за што дополнително ќе бидат објавени термини.