Скомрахи 2015 – настани и активности од првите два дена на фестивалот

„Група амбициозни студенти во неколку скромни бараки на Факултетот за драмски уметности во Скопје, со скромна програма, одличен концепт, организациски проблеми и гости од 4 факултети, во далечната 1988 година ги иницираа средбите на Академиите за драмски уметности во тогашната држава Југославија. Новороденчето беше заведено под името СКОМРАХИ, оригинално име кое сугерира патувачки актери, комедијанти, танчари, талкачи и творци, верни на актерското битие и субверзивни во однос на сè.”

24 години подоцна „Скомрахи“ го слави роденденот во Драмскиот театар во Скопје со ново издание. За отворањето на фестивалот, во петокот, беше одиграна дипломската претстава по актерска игра „Сината соба“, на студентите при класата на професорот Златко Славенски. Актерите претставија десет комплексни карактери со различни приказни. Секој од нас се препозна во страдањата и копнежите на самите карактери. Темата е меѓучовечкиот однос и перцепцијата за љубовта и сексот. Телата на актерите како да лебдеа на ритамот на одлично избраната музика и се преплетуваа од една во друга ситуација, за на крајот да го затворат и заокружат кругот од десет сцени. За потребите на фестивалот, културниот центар Кула постави инсталацијата изградена целосно од ѓубре, отпаден материјал како најчесто метал, алуминиум, тортинет и тркалца од велосипед… Целта на инсталацијата беше „да се прошета низ градот, што е можно погласно“.

Во саботата следеше работилницата „Кратки резови – емоции и тело“, на професорката Аида Буквиќ од Загреб, која како искусна режисерка го пренесе своето знаење на идните актери. Следни на програмата беа кратките филмови од ФДУ Тирана. „Вештерски векни“ е трагикомедија работена според приказна од О’ Хенри. Со намера да му помогне на еден архитект преку симпатичен гест, кој за жал му го уништува архитектонскиот цртеж, на кој архитектот работел неколку денови. „Месо“ е вегетаријански документарец во кој, од перспектива на животните во кланица.  „Одметник“ е филм за голема дилема и морален предизвик.

Студентите од Фду Цетиње ги прикажаа филмовите „Патос“ и „Umir krvi“. , по што следеа кратките филмови од ФДУ Приштина „Бесата на Константин“, „Кој ја донесе Дорунтина“ , „Инфинит“ , „Барајќи ја зелената боја“, „Реализам, суреализам, судир на реалноста“ и „Сукубус“ .  По проекциите, во Драмски театар публиката можепе да ја погледне претставата „Реквием на времето“ од студентите при катедрата за пантомима и физички театар од НАТФИЗ Софија. Тие директно им се спротиставија на законите на физиката и покажаа дека кохерентната некохерентност може да функционира без никакви проблеми и тешкотии, а истовремено да биде разбирлива и кристално јасна.

Потоа фестивалската публика се врати на ФДУ каде се играше „Бог да го прости“, монодрама работена според „Петријан Венац“, магистерскиот труд на студентка од ФДУ – Белград. Таа си поигра со публиката која се „поврза“ со една неписмена селанка интерпретирајќи еден бравуозен „шумарски блуз“ со помош на неколку фотографии, една маса, едно столче и шише ракија. По претставата, продолжи журката во бифето на ФДУ. Ѕидовите на бифето беа украсени со делата на младиот уметник Сали Ертунч. Концептот на изложбата „Annoyg dog“ е еден обид за материјализација на неизбежното „Досадно куче“, кое што очекува, насекаде, во сите сфери на животот.

Целата програма на „Скомрахи“ може да се види на нивната Фејсбук страница.