Симулација на ноќно небо и предавање за Спутник во Планетариум

По повод World Space Week, најголемиот планетарен настан кој ги слави истражувањата во вселената, Скопско астрономско друштво во соработка со Младински културен центар ќе организира предавање во петок (4 октомври).

Првиот дел од предавањето е симулација на ноќното небо во Планетариум (околу 30 мин.), додека вториот дел е кратко предавање за Спутник и почетокот на вселенската ера (10-15 мин.).

Доколку има поволни временски услови, ќе биде поставен и телескоп за набљудување на Месечината или Сатурн на кејот спроти кино Фросина.

Предавањата ќе се одржат во Планетариумот при МКЦ.
Има 3 термини за предавања:
– 19:00 часот
– 20:00 часот
– 21:00 часот

Билетите ќе се продаваат во билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари.

Важна напомена од организаторите: Поради ограничен капацитет на Планетариумот, број на посетители за едно предавање е ограничен на 70. Се препорачува на време да се набават билетите.