„Симпатија“ – краток македонски филм за проблемите на квир младината

„Кога домашната расправија ги надминува сите граници, Миа нема друг избор и излетува од дома среде ноќ…“
Ова е приказната која ја обработува краткиот филм „Симпатија“ во режија на Никола Колев.

Филмот ја следи приказната на Миа, која ја глуми Ангела Трајковска, откако по „аутирањето“ излегува од дома и се чувствува беспомошно, па ја бара Лара, нејзината симпатија. Во улога на Лара се јавува Инес Хоџиќ.

Сценариото на филмот е на Никола Колев и Борислав Јарчевски.

Директор на фотографија е Атанас Стојановски, аудиото е на Александар Јарчевски, а употребена е музика од бендот „Мариналеда“.

Погледнете го краткиот филм „Симпатија“.