Сигет, прв ден: Blink-182 ја започнаа забавата на „Островот на слободата“

22-то издание на фестивалот Сигет оваа година започна громогласно. Големите „Blink-182“, кои владееа на музичката сцена во доцните деведесетти, во склоп на нивното реобединување настапија на главната сцена како главни изведувачи на ноќта.

[Сигет Фестивал] Ден -1: Blink-182 ја започнаа забавата на Островот на Слободата

Честа да го отворат фестивалот со првиот настап им припадна на „Ivan & The Parazol“, бендот кој ја создаде химната за оваа година „Together“. Руската театарска музика ни беше презентирана од страна на „Leningrad“, додека пак после нив на сцена настапија „The 1975“и „Tankcsapda“.

[Сигет Фестивал] Ден -1: Blink-182 ја започнаа забавата на Островот на Слободата

Забавата на фестивалот започна уште во попладневните часови, каде што одговорни за програмата и забавата беа победниците на талент-шоуто на сцената „Europe“.

[Сигет Фестивал] Ден -1: Blink-182 ја започнаа забавата на Островот на Слободата

Со исклучок на неколку сцени (кои се уште се подготвуваат и ќе почнат да работат), забавата траеше до раните утрински часови по помалите сцени, како што се Jack Daniel’s Experience, Europe stage, Dreher Pub итн.

[Сигет Фестивал] Ден -1: Blink-182 ја започнаа забавата на Островот на Слободата

[Сигет Фестивал] Ден -1: Blink-182 ја започнаа забавата на Островот на Слободата

Вечерва на главната сцена не очекуваат настапите на Queens of the Stone Age, Ska-P, Anti Flag, додека пак на А38 сцената Broody Dale, Jimmy Eat World, Casper, Thomas Gold итн., како и официјалното отварање со настапот и перформансот на DeadMau5 од 21.30 часот на Главната Сцена. Настапите на Главната сцена и А38 можете да ги проследите во живо на следниве линкови: www.szigetfestival.com, www.sziget.hu,www.ustream.tv/telekom-sziget2014.

За Радио МОФ од Будимпешта,

Николај Митрески и Ана Ристевска