Шведскиот метал бенд „Marduk“ ќе свири во МКЦ

После 11 години од нивниот легендарен концерт во „Кастро“, и после два откажани концерти, шведскиот блек метал состав „Marduk“ конечно на 23 декември ќе настапуваат во во Скопје.

„Панцер дивизијата од Шведска на нивниот трет дел од ‘Viktoria’ турнејата доаѓа да ни објасни зашто се страв и трепет на светската блек метал сцена. Без помпи, без драми и играња. Чист блек метал холокауст како што требало да биде“, стои во најавата за концетот.

„Valkyrja“ исто така промовираат нов албум и се најавени како загревање пред „Marduk“.

„Метал будењето продолжува! Продолжете да го поддржувате духот на подземјето!“, се вели во најавата.

Концертот ќе се одржи во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток од 19 часот.