Шведска отвори ургентен центар за силувани мажи

Болница во Стокхолм го привлече глобално внимание откако во четвртокот објави дека отвора нов оддел за итни случаи наменет исклучиво за мажи кои биле жртви на сексуален напад. Скромната клиниката е направена по примерот на програма за жени од пред речиси половина век старата . Советувањето и правнит услуги се даваат заедно со медицинскиот третман, а се финансирани целосно од страна на даночните обврзници.

Почетните трошоци за отворањето изнесувале околу 200.000 долари, вели Расмус Јонлунд, портпарол на Либералната партија, и иницијатор за програмата.

„Ја увидовме потребата бидејќи мажите се исто така жртви на силување”, рече тој, „и тие често се плашат да истапат поради постојната стигма.”

Ваквите програми се очекува дека ќе се множат во Шведска, каде неодамнешните владини кампањи се обидоа да влијаат на намалување на стереотипните сфаќања за половите. Пред пет години, Светскиот економски форум ја прогласи Шведска за родово наједнаква земја во светот. Оваа пролет, во официјалниот речник на шведски јазик беше додадена нова заменка „hen“ , која ја изразува родовата неутралност.

Шведските власи изјавија дека новата клиника ја засилува културата за еднаква заштита. Едно помало истражување од шведската група за застапување направено минатата година, откри дека мажите не се сигурни каде да се обратат по доживеано сексуално насилство.

Минатата година, биле пријавени околу 370 случаи на сексуален напад врз мажи или момчиња низ Шведска, според Националниот совет за превенција на криминал. Бројот на „скриени жртви”, или оние што се срамат да побараат помош, додава Јонлунд, веројатно е многу поголем.