#ШтипСакаКино – млад филмаџија започна иницијатива за отворање кино во Штип

Со креативно видео насловено „Дека е киното во Штип?“, младиот филмаџија Сашко Потер Мицевски покрена иницијатива за повторно отворање градско кино во овој град.

Дека е КИНОТО у Штип? from Sashko Potter Micevski on Vimeo.

Тој преку социјалните мрежи порача дека е жално што во еден од најважните градови во Македонија нема кино сала за проекција на филмови каде што младите и старите душевно ќе се хранат душевно.

„Киното шо постоеше мене на многу начини ми го смени живото, ми даде простор каде шо можам да допрам други светови, да истража непознати емоции. Моите први филмови гледани се: 101 Далматинец, Тарзан, Austin Powers in Goldmember, Spy Kids 3D, LOTR 3 и Хари Потер и каменот на мудроста, ради кој се бавам со филм денес!“, напиша филмаџијата и порача граѓаните да ги споделат своите приказни од старото, но никогаш заборавено кино, под хаштагот #ШтипСакаКино за барањето да стигне до надлежните.

Иако е студентски центар, Штип е без кино скоро 20 години.