Шкотска ќе ги забрани ГМО посевите

Шкотска планира да ги забрани сите генетско-модифицирани култури, бидејќи владата смета дека со тоа би се зачувала природната сликата на земјата.

Секретарот за рурални прашања Richard Lochhead соопшти дека ќе бара отстапување од ЕУ за ГМО посеви, откако на Шкотска и беше доделен грант за нова сорта на пченка.

Меѓутоа, ваквиот потег наиде на несогласување меѓу земјоделци и експерти. Фармерите стравуваат дека нема да останат конкурентни на странскиот пазар. Професорот по молекуларна генетика, Huw Jones, потегот го опиша како „тажен ден за науката и тажен ден за Шкотска“.

Lochhead рече дека Шкотската влада ја донесе одлуката бидејќи „одбива да се коцка со иднината на 14 милијарди фунти за храна и секторот за пијалоци“.

Тој за „Press Association“ изјави:

„Шкотска е позната во светот по убавата природна средина, така што забранувањето хенетско-модифицирани посеви ќе ја заштити и ќе го подобри нашиот чист и зелен статус“.

Забраната во Шкотска доаѓа откако беше откриена употребата на „Crispr“, моќна алатка за манипулација на генетскиот код, за што експертите предупредуваат дека може да има опасни непредвидени влијанија.