Шкотланѓанецот Хови Рив утре ќе настапува во „Ла Кања“

Во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија утре (6 јуни) од 21 часот свој концерт ќе одржи музичарот Хови Рив од Глазгов, Шкотска.

„Она што правам како музичар е прилично холистичка работа. Одам на тури и се вљубувам во луѓе и места. Потоа таа љубов ја враќам во Глазгов и го сакам Глазгов уште повеќе“, ќе рече Рив.

За Хови Рив, она што е важно се врските и заедниците.

„Toa го покажува низ неговите живи свирки, полни со анархичен акустичен бас, нежна хуманост и непристојни разговори. Неговите потресни, духовити, инвентивни и импресионистички песни носат малку радост на стотици места низ целиот свет“, се вели во најавата за настанот.

Донација за концертот изнесува 100 денари.

Омот од последното издание на Рив – „Cracks“