Шесто издание на Смотра фестивал во Битола

„Асоцијација 615“ го најави шестото издание на Смотра фестивалот, посветен на електронската музика, што ќе се одржи на 6 август, во поранешната касарна во Битола.

„Обединувајќи ги најдобрите таленти од различни спектари на електронската музика, по пет спектакуларни изданија успеавме да изградиме фестивал кој претставува дестилатор на најдобрите електронски звуци во Македонија. За овогодинешните изведувачи не треба да се зборува премногу и би било чудно кога не би настапиле најголемите колекционери на плочи, како што доликува за овој фестивал. Исто така, од голема важност се младите диџеи/продуценти кои претставуваат двигател на електронската музичка сцена во Битола“, се вели во најавата на организаторите„Асоцијација 615“.

На настанот ќе настапат FLOODER, VIDINOVSKI, VICTOUER и MILE GROZDANOVSKI.

Мотото на „Асоцијација 615“ е „Не ја конзумирај културата, КРЕИРАЈ НОВА“, а од здружението велат дека се отворени за сите индивидуалци и групи кои сакаат да прават креативни “ментални” вежби или сакаат да се изразат преку било која уметничка форма.