Шест лица загинаа во човечко стампедо во италијанска дискотека

Во метеж во ноќниот клуб во местото Кориналдо во близината на Анкона загинале шест лица, додека околу 120 луѓе се повредени, соопштија локалните власти.

Полицијата соопшти дека животот го загубиле пет малолетници – три девојки и две момчиња, како и една повозрасна жена, а во тешка состојба се 14 повредени лица. Според првичните наводи на италијанската новинска агенција АНСА, човечкото стампедо било предизвикало откако некој од посетителите испрскал спреј сличен на солзавец.

Не се знае колку луѓе имало во дискотеката кога почнал метежот, каде се одржувал концерт на популарниот рапер Сфера Ебасте.