Шарената револуција најавува нов протест во среда

Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери кои преземале криминални дејствија бараат учесниците од Шарената револуција.

Тие најавија нов протест во среда, на 6 јули, во Скопје. Протестот е закажан на вообичаеното место, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, со почеток во 19 часот.

Од Шарената револуција порачуваат дека заштитата на СЈО е гаранција дека ќе има правда во Македонија, но додаваат дека „власта и Уставниот суд упорно се противат на волјата на граѓаните и подготвуваат опасен план за криминалот да продолжи да владее“.