Шарена револуција во Скопје – Граѓаните доаѓаат по правда

Обединети под мотото „Граѓаните доаѓаат по правда“ илјадници граѓани и активисти се собраа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за да дадат поддршка за обвинителите и да го започнат масовниот протест во Скопје.

Протестот се организира еден ден откако истече ултиматумот на Шареаната револуција со кој се барање до 18 јуни да се признае уствноста на СЈО и да запре прогонот и приведувањето на демонстрантите кои речиси секојдневно излегуваат на протести.

Чаталите и бојата се подготвени, јавува репортерката на Радио МОФ која го следи протестот. Комбињата во кои е сместен разгласот и бојата се на чело на колоната. На едното платно демонстрантите испишаа „Граѓаните доаѓаат по правда“, а на второто „Слобода“, заедно со хаштаговите Протестирам и Шарена револуција.

Поддршка за протестот стигна и од највисокото раководството на опозициската СДСМ.

„Ние не простуваме, не дозволуваме преговори за нашата иднина и иднината на нашите деца водени зад затворени врати. Лути сме и гневни на политичките елити што предолго нè држат во статус кво со неуспешни и нетранспарентни преговори без учество на граѓаните. Доста ни е од преговори во кои ние сме нем и пасивен набљудувач, нашиот глас мора да биде слушнат и од власта и од опозицијата“, порачаа од Шарената револуција.