Шарена револуција: Утре протест пред СЈО, задутре блокади

Шарената револуција најави голем протест утре во Скопје, во 18 часот пред СЈО, додека во четврток напладне се планира поставување блокади на мостовите Гоце Делчев,  Слобода и Мајка Тереза (кај МАНУ).

„Уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата.  Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине?  Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите се уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични“, велат од Шарената револуција.

Од ултиматумот кој го поставија демонстрантите остануваат уште четири дена, а со него се бара запирање на прогонот кон демонстрантите и Уставниот суд да ја признае уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).