Шарена револуција: Утре напладне блокади во центарот на Скопје

Учесниците во Шарената револуција и движењето Протестирам најавија дека утре (8јуни) напладне ќе го блокираат сообраќајот на три централни крстосници во Скопје. Блокадите, појаснуваат, се форма на притисок кон власта за исполнување на нивните барања, бидејќи „оваа власт реагира единствено на силен притисок и гласни граѓани“.

Притоа ќе се запре сообраќајот кај Судска палата, Црвен крст и Соборниот храм, а се повикани сите кои сакаат да се приклучат на блокадата.

„ Преку блокирање на улиците ќе покажеме како всушност изгледа со години нашaта земја. Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции. Ќе го оневозможиме движењето како што со години оваа власт ја оневозможува еднаквоста пред законот и слободата на граѓаните“, се наведува во најавата за протестот.

Тие потсетуваат дека резултатите од двомесечните протести се веќе видливи, а исполнети се две барања – поништување на аболицијата потпишана од претседателот Ѓорѓе Иванов и одложување на изборите кои беа најавени за 5 јуни.

Организаторите замолија на разбирање и толеранција.

„Наместо да се лутите, свирнете за поддршка. Сетете се, се што бараме е правда и еднаквост за сите нас. Ова е нешто што секој треба да го поддржи“, се додава во повикот.

[ФОТО] ОБНОВЕНО: БЛОКИРАН ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА НАЈАВИ НОВИ АКЦИИ

Според најавите, демонстрантите не се откажуваат од протестите во 18 часот пред СЈО, но некои денови тие ќе бидат заменети со поинакви активности. Таква е и денешната акција за собирање помош за демонстрантите поради боење објекти во текот на протести, која се одржува во кафе барот Излет во Скопје.