Села во Русија именувани според европски градови

Повеќето луѓе би се изненадиле кога би виделе Ајфелова кула во рурална средина во Русија. Сепак, реплика на оваа кула постои, сместена покрај неасфалтирани патишта во руско село именувано Париз. Тоа претставува едно од 32 заедници именувани според градови во Европа, кои Роман Макмутов ги документира во повеќе епизоди на „Euro Integration“.

Голем дел од овие села и градови се наоѓаат во јужниот дел од планината Урал, во западна Русија. Луѓето почнале да се населуваат во нив во 19 век, а именувани се според градови и региони каде Русија победила во воените битки.

Варшава

Макмутов израснал во Магнитогорск, западно од Париз (руското село), а идејата да ги документира уникатните квалитети на својата татковина ја добил минатата година.

Берлин

„Сфатив дека Русија сама по себе е многу интересна за истражување со камера“, вели Макмутов.

Во јуни Макмутов пропатувал 17 села, некои од нив со одлични патишта, други биле толку ужасни што морал да вози со 10 метри на час. Сепак, се чувствувал слободно, без граници и огради.

Тој се изненадил што селата биле помодерни од тоа што очекувал. Меѓу фармите можат да се најдат спортски центри и шопинг центри. Во разговор со жителите, Макмутов открива дека луѓето едноставно се препуштаат во нивните животи, најчесто шегувајќи се дека се Французи кои живеат во сопствена Франција.