Секси Маало е емисија која покрива теми поврзани со сите аспекти на сексуалноста, теми кои е интресни и важни за сите млади луѓе. Младите луѓе имаат потреба и право на информации поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и права.
Емисијата се емитува секоја втора среда од 12 часот и 15 минути, а во неа ќе се зборува за сексуалното и репродуктивното здравје, сексуалните права, табуата кои владеат во ова општество, дискриминацијата кон одредени групио, како и се она што на младите не им е јасно, ги збунува или ги прави нервози, а е поврзано со сексот и сексуалноста. Следете не и слушнете што се ќе подготви тимот на ХЕРА за вас.
ЕПИЗОДА 8
Жени во Медицината, беше последното издание што го подготвија тимот на Секси Маало директно од нивните домови.
Преслушајте за што станува збор!
ЕПИЗОДА 7
Во новата седма епизода на Секси Маало, девојките зборуваат за фетишизација. Кликнете плеј и уживајте
ЕПИЗОДА 6
Кате и Теа денеска во оваа епизода зборуваат за студентското учество, законот за високо образование и новиот систем за студентско организирање. Не ја пропуштајте шестата епизода од Секси Маало!!!
ЕПИЗОДА 5
Петтата епизода Секси Маалци ја посветуваат на жените во техно индустирајата, како и за брзорастечкиот подем на оваа индустрија. Слушаме исклучиво женски изведувачи.
ЕПИЗОДА 4
За прв во студиото Бојана и Мира застанаа пред микрофоните и ни презентирааа што се случувало на нивната панел дискусија за пристапна и достапна контрацепција. Преслушајте како поминаа секси маалци и уживајте
ЕПИЗОДА 3
Епизода три на Секси Маало. Дечките зборуваа за ХИВ тестирање се околу него како и општо на темата ХИВ. Ако сте ја пропуштиле оваа епизода или сакате да ја слушнете повторно стиснете плеј и уживајте.
ЕПИЗОДА 2
Нова епизода на Секси Маало!! Зборуваме за одлуката донесена за воведување на пилот програмата за сепфатно сексуално образование. Стиснете плеј!!!
ЕПИЗОДА 1
Секси Маалци пристигнуваат со ОСМАТА сезона на Радио МОФ, осум години дружење и сексуална едукација. Првата епизода е посветена на сите случувања од ова лето на полето млади, младински активизам и иницијативи кои направија промена во нашето општеството преку теми поврзани со ЛГБТ заедницата, климатските промени и мн др. интересни теми. Стиснете плеј и уживајте!!!