Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, предложи создавање центри за бегалци надвор од територијата на Европската Унија, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН, пренесува ТАСС.
Според Курц, центрите може да се формираат во земји како Египет, Грузија или во Западен Балкан.
„Потребни ни се центри за бегалци надвор од територијата на ЕУ, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН. Нема толку фундаментално значење каде тие конкретно ќе бидат распоредени. Важно е да ја обезбедуваат заштитата и луѓето кои нелегално се обидуваат да влезат во Европа да можат да бидат пратени таму“, рече Курц.