Се снима анимирана серија базирана на филмот Blues Brothers

Ден Ејкројд и вдовицата на Џон Белуши, Џуди, работат на анимирана комична серија базирана на иконичниот филм од 1980 година, The Blues Brothers.

„Шоуто ќе биде приказна за браќата Блуз кои живеат во Америка и ја употребуваат новата технологија за да ги промовираат своите нови албуми, да најдат и снимаат со нови уметници и да го одбегнат почитувањето на законот – сето тоа додека се борат за вистина, правда и подобар сендвич за појадок“, вели Ејкројд.

Blues Brothers официјално дебитираа на Saturday Night Live во 1978 година, по што следуваше и албумот Briefcase Full of Blues истата година. Ејкројд и Џуди Белуши сакале да создадат анимиран серијал уште во 1997 година, пред објавувањето на Blues Brothers 2000. Серијата никогаш не се емитувала, а Ејкројд и Белуши се обиделе да ја продадат идејата повторно во 2011 година.

Овој пат за продукцијата и анимацијата ќе се погржат Bento Box Entertainment, компанијата која ги создаде сериите како Bob’s Burgers и The Awesomes.

Извор: Mashable