Се отвораат три бизнис-акцелератори за млади

Во државата ќе се отворат три бизнис-акцелератори за млади кои во периодот од три години ќе треба да им овозможат финасиска поддршка на 100 старт ап компании.

Денеска беа потпишани договорите за финансиска поддршка меѓу директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски и претставници од три компании.

За оваа намена се инвестираат 1,45 милиони евра со поддршка на Светска банка, а се очекува дополнителни 550 илјади евра да обезбедат трите акцелератори со кои се потпишани договорите.

Од бизнис аскцелераторите младите претприемачи и иноватори треба да добијат целосна поддршка, менторство и сите потребни услови за развој на нивните бизнис планови и иновации.

Надлежните ги охрабрија младите да ја искористат шансата и во рамките на акцелераторите да се пријават за да формираат своја фирма.