Се отвора првиот семеен центар на Град Скопје

Услуги за психо-социјална поддршка на семејства во конфликтни односи, во кои се врши насилство или пак во изминатиот период постоело насилство, ќе нуди првиот семеен центар во Скопје, што ќе биде отворен утре.

Станува збор за прв сервисен модел во Македонија што ќе применува иновативен пристап во третирање на семејното насилство.

Отворањето на центарот е заедничка активност на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. и Град Скопје.

Се реализира во рамки на истоимениот проект, дел од програмата CIVICA Mobilitas 2012, што ја спроведува Центарот за институционален развој, со финансиска поддршка од Швацарската агенција за развој и соработка.

Семејниот центар ќе функционира со поддршка од бизнис секторот.