Се одржа третата Парада на гордоста во Црна Гора

Со слоганот „Традиционално горди“, околу 200 учесници денеска беа дел од Парадата на гордоста која се одржа во главниот град на Црна Гора, Подгорица.Настанот мина без инциднети, а собирот го обезбедуваа над 2.000 полицајци. На парадата учествуваа голем број претставници на Владата, градската управа, дипломатски претставници и невладини организации.

Prajd-Podgorica

Министерот Суад Нумановиќ, по прошетката изјави дека е задоволен што Парадата помина добро.

„Човековите права се добиваат со раѓање и тука нема двоумење. Државата ги почитува различностите и е подготвена да ги заштити ЛГБТИ луѓето. Црна Гора треба да создава еднакви можности за сите граѓани“, порача Нумановиќ.

parada-podgorica-foto-rtcgfacebook-1414921112-586289

Фото: РТЦГ

Шефот на делегацијата на ЕУ во Подгорица, Митја Дробниќ истакна дека сите присутни на Парадата се борци за човекови права.

„ Важно е што Црна Гора покажува дека се повеќе ги штити тие права. Црна Гора веќе денеска почна да го пишува Извештајот за напредок“, порача Дробниќ.

Dje-bi-na-Prajd

Омбудсманот Шуќко Баковиќ пак изјави дека третата Парада организирана во Црна Гора покажува дека состојбата околу заштитата на човековите права сериозно се менува.

Владата е посветена на заштита на на човековите права, мораме да вложиме напори добрите закони да се применат“, посочи тој.

Парадата почна во 11 часот, а присутните  минаа пред поранешната зграда на владата и државниот параламент, каде со концерт заврши третиот јавен собир на ЛГБТ луѓето во Црна Гора.