Самостојна изложба „Едноставност/Сложеност“ на Ненси Тонг во галеријата „Остен“

Вечерва (7 февруари) од 19 часот во галеријата „Остен“ ќе биде отворена самостојната изложба на слики „Едноставноста/сложеност“ од уметницата Ненси Тонг, во дијалог со дело на Марина Абрамовиќ од колекцијата на Музејот Остен.

„За публиката моите слики можат истовремено да изгледаат статични и спонтано динамични. Чувството на меѓусебност, коегзистенција на состојба на сликовно рамниште, е соодветна претстава и на двојноста на моето културно воспитување и на заматените односи кои секој од нас ги проектира кон светот. Мојата изложба ги истражува физичките и психолошките граници во дијалог со една од моите најомилени уметници, Марина Абрамовиќ, преку моите дела што ја поврзува мојата емотивна личност со нејзината инспиративна креативност“, вели Тонг за својата изложба.

Дополнително, оттаму најавуваат дека во петок на пладне во нивната галерија ќе се одржи разговор со Тонг.

Тонг, која доаѓа од Хонг Конг е добитничка на наградата „Остен“ на „Остен биеналето на цртеж Скопје 2022“ и првиот кинески уметник избран за финалист и добитник на награда на „Остен биеналето на цртеж“.