SafeJournalists најостро ги осудува заканите против новинарите Маја Јовановска и Перо Јововиќ

По заканата што ја доби новинарката на Истражувачката Репортерска Лобараторија (ИРЛ), Маја Јовановска, од раководителот на Секторот за урбанизам во општина Маврово Ростуше, Садредин Елезоски по известувањето за дивоградбите што се градат во Националниот парк Маврово, уште една закана е упатена до српскиот новинар Перо Јововиќ од порталот ,,Nova.rs”.

Mрежата SafeJournalists, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, најостро ги осудува заканите упатени кон новинарите и ги повикува институциите во Северна Македонија и Србија да реагираат.

„Кога се јавува сериозна закана по животот на новинар само затоа што тој ја работи својата работа во интерес на јавноста, од исклучителна важност е брзата реакција од страна на институциите. Затоа, МВР и Обвинителството мора да покажат капацитет и подготвеност за истрага и подоцна казнување на сторителите. Ова е единствениот начин да се искористи политиката на неказнивост и да се демотивираат идните напади врз медиумските работници“, изјави директорот на SafeJournalists Драган Секуловски.

Како што известуваат од мрежата, новинарот Перо Јововиќ пред два дена, на 5 јуни 2022 година, добил заканувачка порака на Инстаграм од профилот наречен „Црвени ѓаволи“ со содржина: „Мислите дека заборавивме кога бевте во Приштина? П…О, не знаеш што ти подготвува!“

Со оглед на тоа што Јововиќ пред осум месеци добил неколку сериозни закани, кои се пред обвинителството, новинарот се чувствува исплашен и разочаран од досегашните дејствија.

„Ваквите пораки не се невообичаени, но тоа не значи дека не е опасно – затоа што никогаш не знаете кој и кога некој може да ве повреди. Мислам дека институциите нема да ја завршат својата работа и да најдат одговорност за овие закани, но се надевам дека останува малку човечност и совест кај луѓето кои работат таму, дека вакво нешто може да им се случи на нив или на нивното семејство, децата или пријателите“ изјави Перо Јововиќ за SafeJournalists.