Саем на креативци во Скопје

Денеска во Скопје се одржува „Мини саем на креативци” (Mini Maker Faire)”. Саемот ќе биде отворен до 19 часот на паркингот на Вип арената „Борис Трајковски”.

Организатори на саемот се Амбасадата на САД и Aмериканските катчиња во нашата држава во соработка со Општина Карпош.

Според организаторите, овој мини саем претставува фестивал на иновативност, креативност и талент, на кој ќе учествуваат ентузијасти, занаетчии, едукатори, инженери, научни клубови, автори, уметници, студенти, и луѓе од бизнисот од цела држава.

На саемот ќе има практични демонстрации и работилници, вклучувајќи 3D принтери, роботика, компјутерско програмирање и занаетчиска работа.

Првиот „Maker Faire” се оддржа во Калифорнија во 2006 . Оттогаш се проширил низ целиот свет и денес се организираат повеќе од 200 вакви настани годишно. Првиот „Maker Faire” се оддржа минатата година во Битола.