Саем на чиста енергија во Скопје

Здружението на граѓани „Гоу Грин“ во соработка со фондацијата Конард Анденауер, го организира Саемот на чиста енергија (15 – 17 јуни) како дел од ЕУ неделата за одржлива енергија.

Целта на саемот е да се поврзат младите луѓе со компании кои работат и универзитети кои нудат студии во областа на чиста енергија, обновливи извори на енергија и одржливо живеење.

„Три милиони работни места ќе се отворат во секторот за обновлива енергија до 2020 година” – вели документот на Европската комисија за зелена економија. Ова претставува одлична можност за нови бизнис можности и вработувања“, се вели во најавата.