Руски новинар кој го критикувал Путин пронајден мртов

Познатиот руски новинар и гласен критичар на владата на Путин, Александар Шчетинин бил пронајден застрелан во главата, со пиштол близу до него, на неговиот роденден. Пријатели кои дошле да го посетат на роденденот го пронашле во неговиот стан во Киев.

Шчетинин е основач новинската агенција Нови Регион.Портпарол на полицијата во Киев тврди дека се работи за самоубиство, бидејќи пиштолот бил пронајден близу до неговото тело, а вратата од станот била заклучена.

Шчетинин се откажал од руското државјанство пред да стане жител на Украина и да се всели во главниот град.

Ја отворил агенцијата Нови Регион, која оттогаш е поделена на повеќе комании. Наводно го нарекувал рускиот претседател „личен непријател“.

Полицијата продолжува да ги истражува деталите за смртта на Шчетинин.