Русија им нареди на социјалните мрежи да ги ограничат повиците за протести за поддршка на Навални

Руските власти ги засилија напорите за спречување на демонстрациите против притворањето на критичарот на Кремљ, опозициониот лидер Алексеј Навални, јавува „Еуроњуз“.

Навални беше приведен во неделата, кога се врати во Русија, под обвинение дека ги прекршил судските мерки кои му се одредени поради условната казна која ја има. Во Русија дојде за првпат по неколку месеци, откако во август беше отруен со нервниот агенс Новичок. Навални го обвини Кремљ дека го наредиле неговото убиство, тврдење што Москва го негираше.

Поддржувачите на опозициниот лидер повикаа на демонстрации во 65 градови во сабота, обвинувајќи ја руската влада за корупција.

Но, руското Министерство за внатрешни работи ги опиша најавените протести како „незаконски“ и изјави дека е подготвено да го „заштити јавниот ред“.

Во меѓувреме, канцеларијата на јавниот обвинител повика на ограничување на веб-страниците и платформите на социјалните мрежи, доколку се користат за повикување на луѓе да учествуваат на протестите.

@alex.tagin##навальный ##23января ##23митинг ##митинг ##свободуфургалу ##свободунавальному ##спастинавального ##НАВАЛЬНЫЙ ##покапутин♬ оригинальный звук – Хочу Элайджу Майклсона

На популарната платформа „ТикТок“, објавени се многу видеа на кои се покажува поддршка за Навални. Повеќе од 4.000 луѓе пак, преку Фејсбук се „пријавија“ дека ќе учествуваат на протестот во Москва.

@po1ivesЯ люблю Россию…🇷🇺 ##свободунавальному♬ Россия – Поля

Но, технолошките гиганти како Фејсбук и Твитер добија наредба од Русија да ги „блокираат сите публикации поврзани со повици за протести на 23 јануари“.

„Идентификувани се повици за учество во нелегални масовни настани… и се преземаат мерки за одговор на обвинителството“, се вели во соопштението на обвинителството.

Федералниот сервис за супервизија на комуникациите „Роскомнадзор“, исто така, изјави дека „ТикТок“ и најголемата социјална мрежа во Русија, „ВКонтакте“, треба да ја спречат младата публика на „ТикТок“ да се охрабрува да протестира.

Судот му одреди притвор од 30 дена на опозициониот лидер Навални – тој ги повикa Русите да излезат „на улица“