Rolling Stones ќе одржат концерт во Куба

Rolling Stones ќе настапат во Хавана на Велигден, најавија кубанското министерство за култура.

Договорот сѐ уште не е финализиран, велат извори блиски на бендот, а пренесува Guardian. Сепак, ако сѐ оди според планот, „Стоунси“ ќе настапат во Хавана во Сиудад Депортива, спортски комплекс изграден во 1957 година.

Вестите за концертот ги соопшти официјалниот државен весник Гранма, кој пишува дека концертот ќе биде „историски момент кој ќе ги отвори вратите за други големи групи да дојдат во Хавана“.

Гласините дека бендот ќе настапи започнаа кога Мик Џегер го посети градот во октомври 2015. Rolling Stones моментално се на турнеја низ Латинска Америка, која треба да заврши со концерт во Мексико Сири на 17 март.