Без разлика дали причината е да им вродат традиционални семејни вредности, или пак вистински да ги почитуваат правилата и етичкиот код, многу родители ги воспитуваат своите деца да бидат религиозни според вербата која ним најмногу им одговара.
Но, според еден социолог од САД, нема потреба од учење на религиозни вредности во детството, бидејќи децата кои пораснале без религија се добро воспитани, а во многу области имаат подобар успех од нивните врсници воспитани според религиозната догма.
Во неодамна објавената студија во Los Angeles Times, социологот Фил Закерман објаснува дека наместо да ги порасне децата во „морален вакуум“, атеизмот им дава појасна слика за лошото и доброто – бидејќи она во што веруваме има корени во емпатијата, а не во стравот од казнување во животот после смртта.
Тој открил дека секуларното воспитување им овозможува на децата цврсти морални основи.
„Нерелигиозниот семеен живот е богат со своја сопствена содржина на морални вредности и збогатување на етичката перцепција. Најважни меѓу тие се: рационалното решавање на пробеми, лична автономија, независност при размислување, неодобрување на смртна казна, дух на „преиспитување на сѐ“ и, најважно од сѐ, емпатија“, пишува во истражувањето социологот.
Тој објаснува дека во нерелигиозните семејства, моралот произлегува од принципот за емпатичен реципроцитет. Или, со други зборови, да се третираат другите онака како што очекуваме да не третираат нас. Овој основен етички императив не бара постоење на натприродно битие, кое треба да го применува или казнува според правилата.
Социологот се повикува на истражувања кои откриле дека тинејџерите атеисти помалку се грижеле за тоа дали се вклопуваат во општеството, биле потолерантни кон другите, веројатноста да се расисти била многу помала, а многу почесто поддржувале и права на жените и ЛГБТ лицата.
Закерман потенцира и дека атеистите извршуваат помалку кривични дела како возрасни. Тие се должни за помалку од еден процент од населението во затворите во САД, според статистиките на Федералното биро на затвори.
Во меѓувреме, истражување спроведено од Универзитетот на Чикаго откри дека децата израснати во секуларни домаќинства покажуваат повеќе емпатија и љубезност од оние кои биле пораснати во религиозни семејства.
За потребите на истражувањето биле испитувани повеќе од 1000 деца на возраста меѓу пет и 12 години, во шест држави. Откриле дека: „Религиозното идентификување на семејствата ги намалува алтруистичките опднесувања на децата“.
Професорот Жан Десети, кој го водел истражувањето, вели: „Нашите откритија се контрадикторни на јавното мислење и популарната претпоставка дека децата од религиозните домаќинства се поалтруистични и љубезни кон другите. Во нашата студија, децата од атеистичките и нерелигиозните семејства, всушнсот се покажаа како повеликодушни“.
Десети анализирал деца од различни религиозни позадини кои си играле со лепенки. Виделе дека децата од христијанските и муслиманските семејства биле „со значително помала веројатност“ да ги споделат со другите своите лепенки, кои се употребуваат само една“.