Родители се сретнаа со Владата – ќе бидат дозволени исклучоци за учениците со физичка настава

Денеска на одделните средби со претставници на родители кои се залагаат за онлајн настава во претстојната учебна година и претставниците на родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство, им беа претставени исклучоците за учениците од прво до трето одделение за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана наставата со алатки за интернет комуникација, односно онлајн.

Беше соопштен и вториот исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното, кој овозможува настава со физичко присуство само во оние училишта во кои бројката на ученици по паралелка не надминува 20, каде што е можно остварување на условот за физичка дистанца од 1,5 метри меѓу учениците, со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена.

Премиерот  Оливер Спасовски, заменичката-министерката Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за здравство д-р Венко Филипче и заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска денеска го претставија новиот комбиниран модел за претстојната учебна година на претставници на родителите кои се залагаат за целосна онлајн, но и физичка настава.

На средбите претставниците на двете групи родители ги соопштија своите ставови и аргументи, и беа запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19.

За овие исклучоци ќе одлучува работна група составена од претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за здравство и на Канцеларијата на претседателот на Владата, по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

На средбата бепе истакнато дека комбинираниот модел е прифатен бидејќи во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците и обезбедува спроведување на наставно-образовните програми.

Владата на денешната 82-ра седница услови дека наместо на 1 септември, школската година ќе започне на 1 октомври.

На седницата  беа усвоени Проколите за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците за учебната 2020/2021 година.

Покрај ова, Владата одлучи да се формира работна група и за следење на состојбата, која ќе дава мислење за подготвеноста на училиштата за спроведување настава во услови на Ковид-19.