Режисерот Александар Поповски доби четири театарски „Oскари“ во Турција

Режисерот Александар Поповски ги доби театарските национални „Оскари“ во Турција, во четири категории за две негови претстави.

Поповски, кој во моментов живее и работи во Словенија, доби награда за најдобра режија за претставата „Создавачите на империјата“, а претставата „Сон на летната ноќ“ ги освои „оскарите“ за најдобра претстава, најдобра сценографија и најдобра машка споредна улога.

Македонскиот режисер беше номиниран во пет категории од Турската академија „Афифе Зале“, а свеченоста на доделувањето на наградите се одржа во Истанбул.