Режисерите на документарецот за Amy Winehouse ќе работат на филмот за Oasis

Режисерите кои работеа на документарниот филм за пејачката Amy Winehouse, кој минатата година беше објавен, сега ќе работат на филмот посветен за рок групата Oasis.

Режисерот на „Amy“, Asif Kapadia сега ќе биде извршен продуцент заедно со James Gay Rees, додека режисер ќе биде Mat Whitecross. Тие ќе добијат целосен пристап до архивата на бендот.

Филмската компанија Independent официјално ќе го соопшти проектот за време на Американскиот филмски пазар, кој ќе се одржува од 4-11 ноември.

„Без сомнение Oasis е еден од класичните британски рок бендови, со продадени 70 милиони албуми ширум светот и дефинирајќи го звукот на цела ера. Неговото срце се Liam и Noel Gallagher, две најдобри рок ѕвезди кои излегле од оваа држава. Сензибилноста и стилот на Mat ќе обезбедат совршена целина на оваа приказна за растот на еден од најголемите рокенрол бендови“, директорот на Independent Andrew Orr.