Ревија на кратки филмови на Радован Петровиќ во Котур

Вечерва од 20:30 часот во кафе и филм Котур ќе се одржи ревија на кратки филмови на македонскиот режисер Радован Петровиќ, со кого присутните ќе можат да поразговараат и дебатираат по филмските проекции.

На настанот ќе може да се погледнат следните три кратки филмови:

„Дете“ / “Child”
19’26”
Бојан е 34 годишен гејмер кој сеуште живее со своите родители и нема сопствени приходи. Неговиот комфорен и едноличен живот (играјќи на компјутер) одеднаш станува компликуван, кога дознава дека неговата девојка е бремена.

“Долорес” / “Dolores”
13’16”
При еден од нивните вообичаени возбудливи моменти, еден пар останува заглавен во тоалетот на Националната Опера. Додека чекаат да им помогне нивниот пријател тие се се приморани да се соочат со проблемите кои ги мачат.

“Disconnected”/ ” Без врска”
21’57”
Една неочекувана средба помеѓу еден млад човек и една постара жена, ги испреплетува нивните животи засекогаш.